25. октомври (Петок) СКОПЈЕ - БАЗЕЛ - КОЛМАР

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 05:25 часот. Полетување за Базел во 07:25 и пристигнување во 09:45 часот. Tрансфер до центарот на Базел со локален трансфер. Прошетка низ стариот град, каде што ќе ги откриеме средновековните улички и знаменитости како што е величествената катедрала., богатата историја, но и добрите ресторани и кафулиња, уживајќи во традиционалната швајцарска кујна и локални вина. Околу 15 часот, заминување за Колмар  и сместување во хотелот. На влезот на гратчето се наоѓа помалата верзија на Кипот на Слободата од Њујорк, како симбол дека тука е роден нејзиниот вајар Фредерик Бартолди. Прошетка низ градчето, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува и мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани… Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот со Црквата Свети Мартин, Доминиканската црква, Куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден.Враќање во хотел. Ноќевање.
 

26. октомври (Сабота) КОЛМАР- БАДЕН БАДЕН-КОЛМАР

Појадок. поаѓање кон Баден-Баден, познат како еден од најелегантните бањски градови во Германија, нуди многу атракции кои вреди да се посетат.Ќе прошетаме низ Лихтенталската Алеја, величествен парк покрај реката Ос, историскиот комплекс Курхаус, каде што се наоѓа едно од најубавите казина во Европа, замокот Hohenbaden, кој нуди неверојатни погледи на околината. За љубителите на уметноста, Музејот Фридер Бурда нуди импресивна колекција на модерна уметност, а фестивалната сала на градот е дом на врвни концерти и опери.
Враќање во Колмар и слободна вечер за уживање во магијата на Колмар.
Ноќевање.
 

27. октомври (Недела) РИКВИР -  СТРАЗБУР

Појадок. Поаѓање кон Стразбур. На пат кон Стразбур попатна посета на селото Риквир, едно од најубавите села во Франција, со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсеќаат на сценографија за филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се Кулата на северната капија од 13-ти век, Црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Патот продолжува кон Стразбур. град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: Катедралата Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Можност за крстарење по каналите на Стразбур . Враќање во Колмар. Ноќевање.
 

28. октомври  (Понеделник) КОЛМАР - БАЗЕЛ - СКОПЈЕ

Појадок.Одјава од хотел. Слободно време до поаѓањето за Базел. Трансфер до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 14;30 часот и слетување во 16:40 часот
   

Промотивна цена за резервации до 20.09: 549 евра
Редовна цена: 589 евра




Во цената на аранжманот е вклучено:

-Повратен авионски превоз Скопје - Базел - Скопје
-3 ноќи со доручек во хотел Ibis Colmar East 3* https://all.accor.com/hotel/1034/index.en.shtml
-Разглед на Базел и Колмар
-Повратен трансфер аеродром - хотел - аеродром
-Рачен багаж до 8кг со димензии 40x30x20
- Пратител на патувањето



Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Патничко осигурување
-Доплата за еднокреветна соба
-Хотелска такса 3 евра по лице од ноќ
-Посета на Баден Баден 55 евра
-Посета на Риквир и Стразбур 75 евра
-Крстарење низ каналите на Стразбур 25 евра

Пакет за уплата на сите екскурзии 145 евра