Романтичната Тоскана…

Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза, дозволете да Ве маѓепса  Лука - шармантен град кој ги зачувал своите средновековни цркви, палати, улици и плоштади, опкружен со ѕидини на тврдини кои датираат од 16 - 17 век.
 
Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија… Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со вински насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти… познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и “доминира” со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време… Сан Џимињано – романтично средновековно  гратче сместено на брдата на Тоскана… славно по уникатната средновековна архитектура и по кулите, кои се гледаат на километри далечина…Болоња, градот познат по еден од најстарите Универзитети во Европа, со црвената боја на своите фасади, елегантните колонади и кулинарските специјалитети


 
 
1 ден   12.10.2024 Скопје – Болоња
Состанок на групата во 11:30 часот.на скопскиот аеродром.
Полетување од скопскиот аеродром во 13:30..
Слетување во Болоња во 15:20 часот.
Посета на Болоња. Пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун... Болоња го носи епитетот – образована, црвена и дебела... образована заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска  кујна.
Трансфер до Монтекатини (околу 90 минути возење).
Пристигнување во хотел.  Ноќевање.
 


 
2  ден   13.10.2024  Пиза и Лука
 Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Пиза и Лука.
Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот со водич,  каде ќе ги видиме трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е едно од најпосетените и најфотографирани светски атракции).
Разглед на Лука - шармантен град кој ги зачувал своите средновековни цркви, палати, улици и плоштади, опкружен со ѕидини на тврдини кои датираат од 16 - 17 век, разгледување на стариот град, катедралата „Св. Мартин“, црквите „Св. Михаил на форумот“ и „Св. Фредјан“, овалниот квадрат. Враќање во хотел. Ноќевање.

 
3 ден   14.10.2024  Сиена и Сан Џимињано
Појадок. Се упатуваме кон San Gimignano, типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка
Продолжуваме кон Сиена, градот кој низ историјата претставувал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот со водич: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio...Враќање во Монтекатини.Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.
 


4  ден   15 .10.2024  Фиренца
Појадок. Поаѓање за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, поттикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот Понте Векио, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити. 
Превоз до Аеродромот во Болоња. Полетување во 16:05  часот и пристигнување во Скопје во 17:50 часот.
 
Цена за уплати до 20 септември: 589 евра 
Цена на аранжманот:   649 евра 

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  1. Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје
  2. Сместување во хотел со 3 * во центарот на Mонтекатини - 3 ноќевања со   појадок
  3. Посета и разглед на Болоња и  Фиренца
  4. Аеродромски такси
  5. Рачен багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см)
  6. Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  1.  Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг  / чекиран багаж - куфер до 20кг ·   - информација за цена 7 дена пред поаѓање
  2. Разглед на Сиена и Сан Џемињано со водич  80 евра
  3. Разглед на Пиза и Лука со водич 70 евра 
  4.  Туристичка такса  (се плаќа во хотелот )
  5. ·Доплата за еднокреветна соба 45 евра

*пакет за уплата на двете екскурзии 140 евра