Барселона
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
07.03.2025 СКОПЈЕ – Тирана – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата во Скопје во 10.00 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Барселона во 19:35 и пристигнување во 22: 20 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
08.03.2025 БАРСЕЛОНА
Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани… Пауза за ручек. Индивидуални активности или препорачуваме посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите во Европа. Ноќевање.
09.03.2025 БАРСЕЛОНА (Фигерас и Герона)
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Фигерас, каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Музејот е сместен во неговата фамилијарна палата, а изложбата која е компилација на уметнички дела од различни периоди, ја поставил самиот маестро. Попатно на враќање, посета на убавото, живописно место Герона, кое се наоѓа на североисток на Шпанија, непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, Kатедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичните куќички на брегот на реката Onyar… Во вечерните часови, препорачуваме фламенко, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци. Ноќевање.
10.03.2025 БАРСЕЛОНА – Тирана – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативно, препорачуваме посета на Шпанското село кое ја обединува и прикажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Прошетката продолжува кон паркот “Гуел” – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 23:00 часот и пристигнување во 01:35 часот. Трансфер до Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервација направена до 29.11.2024: 599 евра
Цена на аранжманот 669 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје-Барселона-Скопје
– Рачен багаж (1 торба / ранец со димензии 42х32х25см)
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона
– Сместување во Хотел ibis Styles Barcelona City Bogatell во центарот на Барселона на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Барселона според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Туристичка такса 900 мкд (се плаќа во агенција)
-Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг, *цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање
-Карти за локален превоз (метро)
-Патничко – здравствено осигурување
-Доплата за еднокреветна соба 9.100 мкд
Факултативни излети:
Посета на Фигерас и Гирона 80 евра – задолжително пријавување и уплата во агенција
Посета на Шпанско село и Парк Гуел 65 евра – задолжително пријавување и уплата во агенција
Напомена:
-Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
-За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
-Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
-Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
-Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
-Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
-
Дестинација
-
Локација за поаѓање
Skopje -
Време на поаѓање
19:35 -
Време на пристигање назад
01:35 -
Во понудата е вклучено
Авионски траспортВодичДоручекХотелско сместување -
Во понудата не е вклучено
РучекФакултативи
Reviews Scores and Score Breakdown
Aliquam lorem ante, dapibus in, viverra quis, feugiat a, tellus. Phasellus viverra nulla ut metus varius laoreet. Quisque rutrum. Aenean imperdiet. Etiam ultricies nisi vel augue. Curabitur ullamcorper ultricies