Валенсија Аликанте и Табарка
Валенсија, Аликанте и остров Табарка се вистински бисери на Средоземјето, секој со своја уникатна убавина и шарм.
Валенсија е град кој го спојува модерното и традиција. Својата позната архитектура ја прикажува преку импресивни згради како „Градот на уметностите и науките“ и старите улици околу „Лонха де ла Седа“. Љубителите на култура и гастрономија ќе уживаат во вкусот на традиционалната паеља и свежите морски плодови, додека жителите на овој динамичен град ја слават и природата со прекрасните плажи и парк „Албуфера“.
Од Валенсија, патувањето на југ води кон Аликанте, град со долгогодишна историја, прегрнат од сонцето на брегот. Популарната плажа „Посуиг“ и историскиот замок „Санта Барбара“ се само некои од атракциите кои го прават Аликанте посебен. Прекрасниот Медитеран го обликува секој агол на ова живописно место, каде можете да се опуштите на плажа или да се потопите во локалната кујна.
Од Аликанте, еден од најпопуларните излети е до островот Табарка, мал медитерански рај, познат по кристално чистото море и уникатниот подводен свет. Островот, кој е само кратка пловидба од копното, е идеален за нуркање, пешачење по тесните камени улици и уживање во традиционалната морска кујна.
Комбинацијата на Валенсија, Аликанте и Табарка нуди неверојатно искуство, идеално за оние кои сакаат да уживаат во убавините на Медитеранот, историските локалитети и неодоливите природни пејзажи.
План на патувањето:
1 ден: 05.03.2025 (среда)
Состанок на групата и водичот на скопскиот аеродром во 14:20. Полетување во 16:20 со авио компанијата Lufthansa. Транзит во Франкфурт и пристигнување во Валенсија во 22:45. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден: 06.03.2025 (четврток)
Појадок. Состанок пред хотелот со нашиот водич. Се упатуваме кон City of Arts and Sciences, архитектонско ремек-дело кое ја комбинира науката, уметноста и технологијата. Овој футуристички комплекс, дизајниран од познатиот архитект Сантијаго Калатрава, е дом на неколку уникатни згради, вклучувајќи го и импресивниот опсерваториум L’Hemisfèric, интерактивниот музеј на науките Príncipe Felipe и најголемиот океанографски парк во Европа, L’Oceanogràfic. Со своите иновативни форми и современ дизајн, City of Arts and Sciences е симбол на модерната Валенсија и привлекува посетители од целиот свет. Потоа одиме во стариот град, магичен симбол кој ги воодушевува посетителите со малите, тесни улички, импресивни градби и паркови со дрвја од портокали и лимони. Посетата започнува од северната станица, минувајќи од поштата, градската куќа, Маркесот на две води, централниот пазар, размената на свилата, катедралата, базиликата, археолошкиот музеј, палатата Борџа и кулите Серано и мостот на градините Турија. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: 07.03.2025 (петок)
Појадок. Факултативна екскурзија во Аликанте.
За восхит на љубителите на извонредната архитектура, богата историја и културно наследство, одлични плажи, шопинг центри и бројни други атракции: тврдината “Санта Барбара”, изградена на 166 метри височина на ридот “Бенакантил”; прoшетка по крајбрежната улица “Еспланада” со препознатливата алеја од палми – симбол на морската душа на градот; катедралата со сина купола “Сан Николас”; Градското собрание на Аликанте, кое се одликува со орнаментирани елементи и интересни фасади на двете кули. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден: 08.03.2025 (сабота)
Појадок. Факултативна екскурзија до островот Табарка.
Мал, но исклучително привлечен “медитерански рај”, кој се наоѓа во близина на брегот на Аликанте. Овој мал остров со својата нескротлива убавина, историска значајност и природни богатства, е едно од најпопуларните места за излети и туризам во регионот.
Во 18-тиот век, по наредба на шпанската кралица, островот бил претворен во затвор за арапските пирати кои го напаѓале брегот на Шпанија. Оваа историја на островот се чувствува и денес, со старите згради, вклучително и силната камена тврдина (најголемата изградена во Шпанија за време на кралот Карлос III) која била изградена за да го заштити островот од пиратите.
Неверојатно атрактивен остров кој ја нуди една од најчистите и најубавите природни средини во регионот. Со својата недопрена природа, историски значајни локалитети и мирна атмосфера, Табарка е идеална дестинација за оние кои сакаат да побегнат од гужвата и да сакаат уживаат во природната убавина на медитеранскиот животен стил.
5 ден: 09.03.2025 (недела)
Ран појадок. Поаѓање кон аеродромот. Полетување во 06 часот. Транзит преку аеродромот во Франкфурт. Пристигнување во Скопје во 15:05.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервација направена до 29.11.2024: 569 евра
Цена на аранжманот 629 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје – Валенсија -Скопје
– Рачен багаж (1 торба до 8кг)
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
– Сместување во B&B Valencia Ciudad de Las Ciencias 3*во центарот на Валенсија на база 4 ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Целодневен разглед на Валенсија со водич – 30 евра
– Екскурзија во Аликанте 80 евра
– Екскурзија на островот Табарка – 85 евра
Пакет за уплата на сите екскурзии 180 евра
-Доплата за багаж – куфер до 23кг, чекиран багаж – 60 eур за 2 правци
-Патничко – здравствено осигурување
Напомена:
-Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
-За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
-Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
-Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
-Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
-Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
-
Дестинација
-
Локација за поаѓање
Skopje -
Време на поаѓање
14:20 -
Време на пристигање назад
15:05 -
Во понудата е вклучено
Авионски траспортВодичДоручекХотелско сместување -
Во понудата не е вклучено
РучекФакултативи