Рим – Декември
Градот на историјата и уметноста – РИМ
✈️ Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Рим – градот што го отсликува минатото, но живее во сегашноста.
Не се родил преку ноќ, па затоа и заслужува повеќе од еден ден за да се истражи.
Град полн со живот, историја, култура и уметност – вистински музеј на отворено.
Со над 2.700 години влијание врз светот, овој вечен град ги чува спомените од римските цареви, папи, уметници и визионери.
Колосеумот, Римските форуми, Ватикан со Систинската капела, Шпанските скали, плоштадите и фонтаните – сето тоа ја раскажува приказната на едно од најголемите чуда на човештвото.
📅 07 декември | СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на патниците на аеродромот во 16:55. Полетување за Рим во 18:55.
Слетување на аеродромот Фиумичино во 20:45. Организиран трансфер до хотелот со кратко запознавање со градот.
Сместување и слободна вечер за индивидуално разгледување на Рим под светлата на вечерта. Прво доживување на римската атмосфера.
Ноќевање.
📅 08 декември | РИМ
Појадок. Пешачка тура со локален водич: Колосеумот, античките форуми, Арката на Константин, Плоштадот Венеција…
Посета на плоштадот Навона, фонтаната на Четирите реки и Нептуновата фонтана.
Слободно време за ручек. Потоа, прошетка низ уличките и мостовите над реката Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сант Анжело и островот Тиберина.
Слободна вечер за Божиќните базари. Враќање во хотел.
Ноќевање.
📅 09 декември | РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Препорачуваме факултативна екскурзија до волшебниот Тиволи и Вила Д’Есте (УНЕСКО).
Попладне – прошетка низ Рим со водич: Шпанските скали, Фонтаната Ди Треви.
Вечерта – Божиќни базари и магична атмосфера.
Враќање во хотел.
Ноќевање.
📅 10 декември | РИМ – ВАТИКАН – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна тура низ Ватикан: музеи, Систинска капела, базилика Свети Петар.
Слободно време за шопинг и прошетка.
Попладне – трансфер до аеродромот. Лет за Скопје во 21:30. Пристигнување во 23:10.
💰 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
-
498 евра за резервација до 20.09
- Редовна цена: 549 евра
✅ ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје (Wizz Air)
- Аеродромски такси
- Кабинска тоба (40х30х20см, до 10кг)
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Сместување во хотел Raeli Group 3* (близу Термини)
- 3 ноќевања со појадок
- Организација и придружник
❌ ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Чекиран багаж (10кг или 20кг – цена по инфо во агенција)
- Карти за локален превоз (метро: 2 € во правец → 4 € вкупно)
- Патничко-здравствено осигурување
- Еднокреветна соба: 75 €
🎟️ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
- Ватикан (водич + влезница): 70 €
- Тиволи (водич + влезница): 70 €
- Разглед на Рим со водич: 20 €
Задолжително пријавување и уплата во агенција.
ℹ️ Напомени:
- Цените се по лице во дво- или трокреветна соба
- Дете 2–12 год. плаќа 509 евра
- Минимум за реализација: 25 патници
- Аванс: 30% при резервација, остаток 10 дена пред поаѓање
- Факултативи: минимум 20 патници
- Пасош валиден минимум 3 месеци по завршување
- Валидноста на пасошот е обврска на патникот
- Важат општите услови на ТА Травити
-
Дестинација
Галерија


