f
s
f

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Follow Me
s

Рим – Декември

Рим – Декември

498€ / по лице
(0 Reviews)

Градот на историјата и уметноста – РИМ

✈️ Авион / 4 дена / 3 ноќевања

Рим – градот што го отсликува минатото, но живее во сегашноста.
Не се родил преку ноќ, па затоа и заслужува повеќе од еден ден за да се истражи.
Град полн со живот, историја, култура и уметност – вистински музеј на отворено.
Со над 2.700 години влијание врз светот, овој вечен град ги чува спомените од римските цареви, папи, уметници и визионери.
Колосеумот, Римските форуми, Ватикан со Систинската капела, Шпанските скали, плоштадите и фонтаните – сето тоа ја раскажува приказната на едно од најголемите чуда на човештвото.


📅 07 декември | СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на патниците на аеродромот во 16:55. Полетување за Рим во 18:55.
Слетување на аеродромот Фиумичино во 20:45. Организиран трансфер до хотелот со кратко запознавање со градот.
Сместување и слободна вечер за индивидуално разгледување на Рим под светлата на вечерта. Прво доживување на римската атмосфера.
Ноќевање.

📅 08 декември | РИМ

Појадок. Пешачка тура со локален водич: Колосеумот, античките форуми, Арката на Константин, Плоштадот Венеција…
Посета на плоштадот Навона, фонтаната на Четирите реки и Нептуновата фонтана.
Слободно време за ручек. Потоа, прошетка низ уличките и мостовите над реката Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сант Анжело и островот Тиберина.
Слободна вечер за Божиќните базари. Враќање во хотел.
Ноќевање.

📅 09 декември | РИМ – ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна екскурзија до волшебниот Тиволи и Вила Д’Есте (УНЕСКО).
Попладне – прошетка низ Рим со водич: Шпанските скали, Фонтаната Ди Треви.
Вечерта – Божиќни базари и магична атмосфера.
Враќање во хотел.
Ноќевање.

📅 10 декември | РИМ – ВАТИКАН – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна тура низ Ватикан: музеи, Систинска капела, базилика Свети Петар.
Слободно време за шопинг и прошетка.
Попладне – трансфер до аеродромот. Лет за Скопје во 21:30. Пристигнување во 23:10.


💰 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

  • 498 евра за резервација до 20.09

  • Редовна цена: 549 евра

✅ ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје (Wizz Air)
  • Аеродромски такси
  • Кабинска тоба (40х30х20см, до 10кг)
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел Raeli Group 3* (близу Термини)
  • 3 ноќевања со појадок
  • Организација и придружник

❌ ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Чекиран багаж (10кг или 20кг – цена по инфо во агенција)
  • Карти за локален превоз (метро: 2 € во правец → 4 € вкупно)
  • Патничко-здравствено осигурување
  • Еднокреветна соба: 75 €

🎟️ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Ватикан (водич + влезница): 70 €
  • Тиволи (водич + влезница): 70 €
  • Разглед на Рим со водич: 20 €

Задолжително пријавување и уплата во агенција.


ℹ️ Напомени:

  • Цените се по лице во дво- или трокреветна соба
  • Дете 2–12 год. плаќа 509 евра
  • Минимум за реализација: 25 патници
  • Аванс: 30% при резервација, остаток 10 дена пред поаѓање
  • Факултативи: минимум 20 патници
  • Пасош валиден минимум 3 месеци по завршување
  • Валидноста на пасошот е обврска на патникот
  • Важат општите услови на ТА Травити
За уплати до 20/9 - 499