МАЛТА
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања
24.01.2025 ( Петок ) СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:10 часот. Лет за Малта W6 7765 во 17:10ч. Пристигнување на Малта во 19:00 часот. Трансфер до хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечера. Ноќевањe.
25.01.2025 ( Сабота) МАЛТА
ИЗЛЕТ ПО МАЛТА– BlUE GROTTO – RABAT– МDINA – TA’QАLI – SLIEMA
Појадок. Целодневен факултативен излет исполнет со историја, култура и природна убавина!
Посета на прекрасната Сина Пештера (Blue Grotle). Потоа, посета на Мдина стариот средновековен главен град на Малта, наречен – Град на тишината. Прошетка низ тесните поплочени калдрмени улички и грандиозна архитектура, разглед на познатите градини Св. Антони, Претседателската Палата… Прошетка до Рабат и слободно време за ручек. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, можност да се види специфичната техника на изработка на дувано стакло каде вештите занаетчии создаваат сложени стаклени предмети и одлична прилика да купите уникатни сувенири како спомени од вашето патување. Потоа, прошетка во Слиема – позната како центар за шопинг, преубави ресторани, кафулињата, интересни улички и архитектура создадени за убави фотографии.
26.01.2025 (Недела) ОСТРОВОТ ГОЗО
Појадок. Факултативен излет на островот Гозо. Пристигнување во Чиркева сместен во најзападниот дел на островот, и потоа со фери – брод заминување кон Гозо островот – сестра на Малта. Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: Qala Belveder од каде што ќе бидете сведоци на прекрасниот поглед кон Гозо, Комино и Mалта заедно. Главниот град Викториа кој го добил името по нејзиното височество кралицата Викториа. Рибарското гратче Xlendi, храмот Ggantija е еден од најстарите и најдобро зачуваните меѓу Малтешките острови, прошетка по карпестата околина на Двејра. Враќање во хотел. Ноќевање.
27.01.2025 ( Понеделник ) – ВАЛЕТА – МАЛТА – СКОПЈЕ
ВАЛЕТА
Појадок. Факултативно, разглед на главниот град на Малта – Валета опкружен со бројни масивни зидини и тврдини, изграден од Витезите на Св.Јован кои биле болничари во 16-от век. Малтежаните се многу горди на својот главен град чие светско и богато културно наследство се открива веднаш при самото движење на улиците низ градот. Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно-историски објекти каде се раскажува за историјата на самиот град и на самиот остров. Потоа, прошетката продолжува низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Не случајно се снимени толку многу филмови на Малта! Исто така предвидена е и посета на богато украсената Катедрала и музеј на Св.Јован, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети, која воедно е и мевзолеј каде што се погребани големите мајстори од малтешкиот витешки ред (влез во Катедралата – 15еур). Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во 17:00 трансфер до аеродромот во Малта. Лет за Скопје во 19:35ч. Пристигнување во Скопје во 21:20 часот.
Цена на аранжманот:
- Цена на аранжманот: 479 еур
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз: Скопје – Малта – Скопје
– Рачна торба или ранец (40x30x20cm)
– Oрганизирани трансфери во Малта: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел со ****, 3 ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Ø Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Ø Посета на Валета 35 евра
Ø Излет по Малта (Ta Qali, Rabat, Mdina, Blue Grotto, Sliema) 50 евра
Ø Посета на Гозо 65 евра
Ø ПАКЕТ 3 ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ 140 евра
Ø Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
Ø Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Ø Патничко – здравствено осигурување
Ø Доплата за еднокреветна информации во агенција
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
-
Локација за поаѓање
Skopje -
Време на поаѓање
15:10 -
Време на пристигање назад
21:20 -
Во понудата е вклучено
Авионски траспортВодичДоручекХотелско сместување -
Во понудата не е вклучено
РучекФакултативи


