Кина
ЦЕНА ЗА РАНБУКИНГ ДО 31.12 : 1799ЕУР
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
Ден 1 – 18.05.2026: СКОПЈЕ – ВИЕНА – МИНХЕН – ПЕКИНГ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:35 часот. Полетување од Скопје за Виена во 12:35 часот, лет број OS 0762 со авиокомпанијата Austrian Airlines. Слетување во Виена во 14:10 (локално). Продолжување на летот за Минхен во 17:40 и пристигнување во 18:40 (локално). Полетување од Минхен за Пекинг во 19:40.
Ден 2 – 19.05.2026: ПЕКИНГ
Пристигнување на меѓународниот аеродром во Пекинг во 11:45 (локално). По завршување на пасошките и царинските формалности, пречек од страна на локален претставник и организиран трансфер за посета на Храмот на Небото (Temple of Heaven) – еден од највпечатливите кинески храмови. Посета на Летната палата (Summer Palace) – комплекс од палати, градини и езера од династијата Чјинг. На пат до хотелот – застанување кај олимписките објекти: „Птичјо гнездо“ и „Водена коцка“. Вечера. Сместување во хотел. Ноќевање.
Ден 3 – 20.05.2026: ПЕКИНГ
Појадок. Утрото започнува со посета на Плоштадот Тјенанмен (Tiananmen Square) и Забранетиот град (Forbidden City) – историски комплекс и поранешен дом на кинеските императори. Следи посета на чајна куќа и церемонија на чај. Организирана вечера со традиционална пекиншка патка. Навечер – можност за факултативен излет: Акробатско шоу (35 € по лице). Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 4 – 21.05.2026: ПЕКИНГ
Појадок. Посета на олимписките стадиони (Птичјо гнездо и Водена коцка) за фотографии. Потоа екскурзија до Големиот Кинески Ѕид – Juyongguan pass, древен стратешки превој. Посета на фабрика за бисери и возење со рикша низ традиционалните улички Hutong. Организирана вечера со пекиншка патка. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 5 – 22.05.2026: СИАН
Појадок. Трансфер до железничка станица и воз со брз воз (bullet train) до Сиан. По пристигнувањето: посета на Bell & Drum Tower square, Bell Tower и Drum Tower. Посета на Muslim Market – традиционален пазар. Вечера – традиционални кинески кнедли (Dumplings Dinner). Навечер можност за факултативен излет: Tang Dynasty show (40 € по лице). Ноќевање.
Ден 6 – 23.05.2026: СИАН
Појадок. Посета на фабрика за реплики на теракотни војници и потоа музејот на Теракотната армија – едно од најголемите археолошки откритија во светот. Следи посета на Giant Wild Goose Pagoda со можност за искачување. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 7 – 24.05.2026: СИАН – ШАНГАЈ
Појадок. Трансфер до железничка станица и воз со брз воз до Шангај. По пристигнувањето посета на Nanjing Road и The Bund, со поглед кон облакодерите во Pudong. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 8 – 25.05.2026: ШАНГАЈ
Појадок. Посета на Yu Garden и прошетка низ Стариот град на Шангај. По ручек, организиран излет до водениот град Tongli со возење со чамец по каналите. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 9 – 26.05.2026: ШАНГАЈ – ФРАНКФУРТ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Oriental Pearl TV Tower. Прошетка низ креативниот кварт Tianzifang. Трансфер до аеродром и вечерен лет за Франкфурт (LH 0733). Ноќевање во авион.
Ден 10 – 27.05.2026: ФРАНКФУРТ – СКОПЈЕ
Слетување во Франкфурт во 07:25. Полетување за Скопје во 12:30. Пристигнување во Скопје во 14:45. Крај на програмата.
Цена и услови
Цена по лице во двокреветна соба: 1.999 €
Цена за ранбукинг до 31.12: 1.799 €
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Повратни авионски билети: Скопје – Пекинг / Шангај – Скопје (Lufthansa и Austrian Airlines) со вклучени аеродромски такси.
- Вклучен багаж: 1 парче чекиран багаж до 20 кг + 1 парче рачен багаж до 8 кг.
- Пречек и асистенција од локален партнер.
- Сите трансфери и превоз според програмата.
- 3 ноќевања во хотел 4* во Пекинг со појадок.
- 2 ноќевања во хотел 4* во Сиан со појадок (Xi’an Bell Tower Hotel или сличен).
- 2 ноќевања во хотел 4* во Шангај со појадок (Shanghai Ocean Hotel или сличен).
- 7 вечери според програмата (вкл. пекиншка патка и кнедли во Сиан).
- Сите разгледи и влезници според програмата.
- Билети за брз воз (bullet train): Пекинг – Сиан и Сиан – Шангај.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Во цената не е вклучено:
- Меѓународно патничко здравствено осигурување (задолжително).
- Бакшиши за локалните водичи и возачи (задолжителни).
- Користење на одредени хотелски содржини кои може да се наплатат дополнително.
- Дополнителни оброци, пијалоци и индивидуални трошоци.
- Факултативни екскурзии (Акробатско шоу – 35 €, Tang Dynasty show – 40 € и слично).
Корисни информации за патувањето
- За македонските државјани НЕ Е ПОТРЕБНА виза за влез во Кина за престој помалку од 30 дена. Патниците кои патуваат со друг пасош треба да проверат во својата амбасада.
- При пријавување, доставете копија/податоци од пасошот со кој ќе патувате.
- Локалното време е +7 часа во однос на времето во Македонија.
- Во Кина е вообичаено и задолжително да се дава бакшиш за услуги во хотели, ресторани и автобуси.
- Хотелите НЕ располагаат со трикреветни соби.
Дополнителни услови
- За реализација на аранжманот може да постојат минимални броеви учесници (информација од организаторот).
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на програмата при непредвидени причини (доцнење на лет, затвореност на локалитети и сл.).
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
-
Дестинација
Галерија


