Кипар – Октомври
🇨🇾 КИПАР – сонце, историја и медитеранска магија!
Best Western Plus Larco 4★ – Ларнака
28.10 – 01.11.2025 | 5 дена / 4 ноќевања
Промотивната цена изнесува 499 € по лице за сите резервации направени до 15 септември 2025. По тој датум, цената ќе изнесува 550 €.
Кипар не е само остров, туку вистински мозаик од култури, антички митови, долги песочни плажи и шармантни традиционални села. Прекрасен избор за есенско патување – топло време, вкусна храна и неверојатно богата историја на дофат.
Авио-патувањето започнува на 28 октомври со директен лет од Скопје во 07:50 часот и пристигнување во Ларнака во 11:00. Враќањето е на 1 ноември, со лет од Ларнака во 05:50 и пристигнување во Скопје во 07:15 часот. Во цената е вклучен рачен багаж со димензии 40x30x20 cm.
ПРВ ДЕН – ВТОРНИК, 28 ОКТОМВРИ
По пристигнувањето во Ларнака, следува трансфер и сместување во хотелот Best Western Plus Larco 4★. По кратко слободно време, организирана е прошетка низ градот: посетуваме ја црквата на Св. Лазар, шеталиштето Финикудес, старото пристаниште, а ако временските услови дозволуваат, ќе го погледнеме и познатото солено езеро. Вечерта е слободна за индивидуални активности.
ВТОР ДЕН – СРЕДА, 29 ОКТОМВРИ
По појадок, се упатуваме на факултативна екскурзија до селото Лефкара и главниот град Никозија (доплата 60 €). Лефкара е вистински бисер меѓу кипарските села, познато по рачно изработената чипка која е заштитена од УНЕСКО. Според преданијата, Леонардо да Винчи купил токму од тука чипка за олтарот во Милано. Прошетката продолжува кон Никозија – последниот поделен главен град во Европа. Ќе ја поминеме познатата Ледра улица, ќе ја видиме Зелената линија, бедемите од венецијанскиот период и ќе имаме слободно време за кафе или ручек од која било страна на градот. По враќањето во хотелот, следи слободна вечер.
ТРЕТ ДЕН – ЧЕТВРТОК, 30 ОКТОМВРИ
По појадок, следува втора факултативна екскурзија – патуваме кон Омодос и планините Тродос (доплата 60 €). Овој регион е срцето на Кипар – полн со борова шума, чист воздух и села со автентична архитектура. Во Омодос ќе го посетиме Манастирот Свети Крст, ќе прошетаме низ калдрмисаните улички полни со уметнички галерии и винарии, и ќе дегустираме локално вино, суво овошје, мед и традиционалниот десерт суджукос. Денот завршува со враќање во хотелот и слободно време.
ЧЕТВРТ ДЕН – ПЕТОК, 31 ОКТОМВРИ
По појадок, заминуваме на највпечатливата екскурзија – Фамагуста и Киренија (доплата 80 €), каде што се патува преку северниот – турски дел на островот. Во Фамагуста ќе ја посетиме Вароша – некогаш луксузна туристичка зона, денес напуштен град што сведочи за трагичните настани од 1974. Ќе ја видиме катедралата Св. Никола, денес џамија Лала Мустафа Паша, и венецијанските бедеми. Потоа продолжуваме кон Киренија, приморски град со неверојатна глетка и историска тврдина. Ќе имаме слободно време за прошетка, ручек и купување автентични сувенири. По враќањето во хотелот следи слободна вечер и подготовка за поаѓање.
ПЕТТИ ДЕН – САБОТА, 1 НОЕМВРИ
Трансферот до аеродромот е во раните утрински часови. Летот за Скопје е во 05:50 со пристигнување во 07:15 часот. ❌ ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса (се плаќа во хотел)
Патничко осигурување (задолжително)
Факултативни екскурзии:
🗺 ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:
🔹 Лефкара и Никозија – 60 €
🔹 Омодос и планините Тродос – 60 €
🔹 Фамагуста и Киренија (Северен Кипар) – 80 €
🎁 👉 Пакет за сите 3 екскурзии: 180
-
Дестинација
Галерија


