Португалија
Португалија – ПОСЛЕДНИ 4 МЕСТА!!!
790€ / по лице
РЕДОВНА ЦЕНА 1090 ЕУР
Лисабон и Порто, два од најзначајните и најпопуларни градови во Португалија, го отсликуваат најдоброто од оваа земја: од богатата историја до современата култура, од старите традиции до новите трендови. Иако двата града се уникатни на свој начин, делат една заедничка карактеристика: секој посетител ќе најде нешто што ќе го привлече, било тоа да е низ тесните, калдрмести улици или поглед кон реката која ги разделува.Лисабон, главниот град на Португалија, се простира на брегот на реката Тагус и претставува динамичен микс на историја и модерност. Старите квартови како Алфама, со своите криви улички и камени фасади, зборуваат за минатото на градот, додека новите и иновативни структури, како што се музеите на уметност и архитектура, го покажуваат неговото современо лице. Лисабон е град кој секој посетител го доживува со сите свои сетила – од мирисот на морето и свежата риба во рестораните до звуците на традиционалната музика фадо во старите кафулиња и на улиците.Од друга страна, Порто, кој се наоѓа на северот на земјата, има свој уникатен шарм. Градот е познат по својот историски центар, кој е еден од најстарите и најдобро сочуваните во Португалија, и по своето винско наследство. Со поглед на реката Дуоро, Порто привлекува туристи кои сакаат да ги истражуваат винските подруми и да се претопат со традицијата на производството на познатото вино. Порто е град кој изобилува со историски богатства ,но истовремено е динамичен, исполнет со уметнички галерии, музички настани и кафулиња во кои времето, како да застанало.Двата града нудат магија која ќе ве освои на различен начин. Лисабон, со своите светли и модерни фасади, динамичен но и опуштен, е совршено место за љубителите на урбана култура и историја. Порто, пак, со својата топла атмосфера и силна поврзаност со традицијата, ги привлекува оние кои сакаат да се потопат во автентичната португалска култура. Португалија ќе ве воодушеви со својата разновидност и топлина.
1 ДЕН 06.03.2026
Состанок на Мегународниот аеродром во Скопје во 14:00 часот. Полетување за Порто во 16:30 со транзит во Франкфурт и пристигнување во Порто во 22:25. Организиран трансфер до хотел и сместување. Ноќевање во Порто.
- ДЕН 07.03.2026 ПОРТО
Појадок. Организиран разглед на Порто, вториот по големина град во Португалија и град кој во 1996 година беше ставен на листата на светското наследство на УНЕСКО. Ќе започнеме со прошетка низ Аvenida da Boavista и Foz do Douro, елегантен крајбрежен кварт во Порто, каде што реката Доуро се влева во Атлантскиот Океан и каде што се спојуваат морето, плажите и префинетата урбана атмосфера., а потоа ќе ја посетиме Катедралата на Порто, позната по својата готска архитектура и прекрасните погледи на градот.
Одиме кон Rua das Flores, живописна и историска улица во центарот на Порто, позната по својата барокна архитектура, шармантни кафулиња и живата атмосфера. Ќе продолжиме до Берзата, која е дел од историскиот центар на Порто, и ќе ја разгледаме Црквата на Свети Франциск, која е позната по своите златни барокни резби.
Попатно, влегуваме во познатата железничка станица Sao Bento каде фасцинантните Azulejo murals of São Bento прикажуваат историски битки, кралски церемонии и традиционални сцени од Португалија.
Порто е тесно поврзан со реката Дуоро и едно од најимпресивните места во градот е мостот Луис I, кој е изграден од учениците на познатиот инженер Густав Ајфел. Од мостот се откриваат неверојатни погледи на реката и градот. Исто така, ќе направиме обиколка по речниот брег во квартот Вила Нова де Гаја, каде се сместени многу винарии кои нудат дегустации на локалните вина. Виното од регионот на Дуоро е познато како едно од најдобрите во Европа, па ова е совршена прилика да се запознаеме со винската традиција на Порто. По оваа авантура, враќање во хотел. Ноќевање во Порто.
3 ДЕН 08.03.2026
БРАГА – ГИМАРАЕШ
По појадокот, денот е наменет за одмор или за изборна екскурзија низ живописниот север на Португалија. Патувањето започнува со Брага – еден од најстарите португалски градови и духовен центар на регионот Мињо, со значајно наследство од римскиот период. Следи разглед на градот и посета на неговата катедрала, по што се упатуваме кон познатото светилиште Бом Жезус ду Монте, сместено високо над градот и достапно преку монументално скалило во барокен стил.
Патувањето продолжува кон Гимараеш, град со исклучително историско значење, познат како местото каде започнува португалската државност. Овде е роден Алфонсо Хенрикеш, првиот крал на Португалија, а неговото наследство е видливо во палатата на војводите од Браганса и во старото градско јадро. Прошетка до дворецот Дукал (билетот не е вклучен во цената, може да се купи индивидуално) потоа пешачка прошетка и слободно време за уживање во автентичната атмосфера на градот Враќање во Порто. Ноќевање во Порто.
4 ДЕН 09.03.2026
КОИМБРА – БАТАЉА – АЛКОБАКА – ЛИСАБОН
Појадок. Поаѓање кон Лисабон, а попатно одиме на места кои се многу значајни за португалската историја, архитектура и култура, и се дел од патувањето кое ви овозможува да ја доживеете традицијата и убавината на оваа земја. Коимбра е стар и историски град, домаќин на еден од најстарите и најважни универзитети во Европа. Потоа патувањето продолжува кон Батаља, каде ќе го видиме однадвор манастирот Санта Марија да Виторија, еден од најважните споменици на Португалија. Овој манастир е ремек-дело на готската архитектура и е вклучен на листата на светското културно наследство на УНЕСКО. Следно се упатувме кон Алкобака, каде ќе имаме можност да го посетиме манастирот Санта Марија д’Алкобака Овој манастир е основан во 12-ти век од кралот Алфонсо I и се смета за едно од најзначајните црковни ремек-дела на Португалија
После разгледувањето на овие неверојатни историски и архитектонски споменици, ќе продолжиме кон Лисабон каде се сместуваме во хотел. Вечерта, слободно време за да прошетка низ Лисабон. Ноќевање во Лисабон.
5 ДЕН 10.03.2025 – ЛИСАБОН
Разгледот на Лисабон го започнуваме од Parque Eduardo VII, најголемиот централен парк во градот, од каде се отвора прекрасен панорамски поглед кон авенијата „Либердаде“ и реката Тежу.
Потоа се упатуваме кон историскиот кварт Belém, симбол на златната ера на португалските морепловци. Тука се наоѓа величествениот Padrão dos Descobrimentos – Споменикот на откритијата, кој им оддава почит на големите истражувачи како Васко да Гама. Во непосредна близина го посетуваме и импресивниот Jerónimos Monastery, ремек-дело на мануелинската архитектура и дел од светското наследство на УНЕСКО.
Разгледот продолжува кон центарот на градот, срцето на модерниот и историски Лисабон. На Rossio Square ја чувствуваме живата атмосфера меѓу брановидните мозаици и елегантните фасади. Од таму се искачуваме со познатиот Santa Justa Lift, кој нуди уникатен поглед кон покривите на градот (околку 1.85 евра)
Прошетката продолжува по живописната Rua Augusta, полна со продавници и улични уметници, сè до величествениот Praça do Comércio (Комерсио), отворен кон реката Тежу.
Потоа ја посетуваме Lisbon Cathedral – Се, најстарата црква во градот, која сведочи за различни историски периоди. Продолжуваме кон шармантната Alfama, најстариот кварт во Лисабон, познат по тесните калдрмисани улички и традиционалното фадо.
Од некој од бројните Miradouro de Santa Luzia – мирадуру (панорамски видиковци), уживаме во незаборавен поглед кон црвените покриви и реката. Разгледот го завршуваме кај величествениот São Vicente de Fora Monastery, значаен историски и религиозен споменик со прекрасен манастирски двор и богата уметничка декорација.
Факултативно,вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање во Лисабон.
6 ДЕН 11.03.2025 ЛИСАБОН – (СИНТРА – КАБО ДА РОКА – КАШКАИШ – ЕШТОРИЛ) – ЛИСАБОН
Појадок. Факултативно – незаборавен излет до магичниот град Синтра. По пристигнувањето во Синтра, разгледување на Националната палата, исто така позната како Градска палата, која е историска куќа-музеј. Оваа палата е најдобро сочуваната средновековна кралска резиденција во Португалија и значајна туристичка атракција. Таа е дел од културниот пејзаж на Синтра, која во списокот на светското наследство на УНЕСКО. Синтра е позната по своите палати и замоци, и многу туристи ја посетуваат токму поради оваа убавина и историски значај. По разгледувањето на Синтра, патувањето продолжува со пауза на најзападната точка на континенталниот дел на Европа – Кабо да Рока. Кабо да Рока е исто така познат по својот впечатлив црвено-бел светилник кој доминира на р‘тот и целата регија. Овој дел од Португалија е познат по својата природна убавина и е совршено место за фотографирање. Потоа, патувањето продолжува до КаШкаиш и Ешторил, популарни излетнички места, кои се сместени на атрактивната португалска ривиера. Кашкаиш е познат по својата убава плажа, шармантни улици и многу ресторани и кафулиња, каде што посетителите можат да се опуштат и уживаат во мирниот медитерански амбиент. Ешторил е исто така познат по своите луксузни хотели и казина, како и по долгата историја на висококласни летувалишта. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање во Лисабон.
7 ДЕН 12.03.2025
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Лисабон. Полетување за Цирих во 12:35 часот. Пристигнување во Цирих во 16:25 часот и полетување за Скопје во 18:25 часот. Слетување во Скопје во 20:25 часот.
- Во цената е вклучено :
- Авионски превоз со Lufthansa на релацијата Скопје – Франкфурт- Порто и Лисабон – Франкфурт – Скопје
- Аеродромски такси
- Рачен багаж (1 ташна /торба до 8 kg)
- • Трансфер од аеродромот до хотелот во Лисабон
- Трансфер од Порто до Лисабон со попатни разгледи на Коимбра, Батаља, Алкобака според програмата
- Трансфер од хотелот во Порто до аеродром
- 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Лисабон https://www.olissippohotels.com/olissippo-marques-de-sa/ – елегантен хотел, сместен во престижната зона Saldanha – Avenidas Novas
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Порто https://www.trypportocentro.com/en/ – модерен градски хотел лоциран во близина на историскиот центар во Порто.
- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено :
Разглед и прошетка низ Лисабон 30 еур
Разглед и прошетка низ Порто 30 еур
Туристичка такса се плаќа во хотелите на рецепција
- Чекиран багаж / куфер – со доплата (цена два дена пред поаѓање)
- Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) со вклучена влезница за Палата Пена – 100 евра (задолжително пријавување во агенција, при резервација)
- Факултативен излет Брага и Гимараеш – 110 евра (пријавување во агенција),
- Факултативна вечера со Фадо – 100 евра – трансфер, ноќен панорамски разглед на Лисабон, вечера со програма, вкупно времетраење околу 4 часа (задолжително пријавување во агенција, при резервација)
- Влезници во локалитетите и манастирите
- Карти за локален превоз (метро)
- Задолжително патничко – здравствено осигурување
- Single Room доплата 250 евра,
- Дете до 3 години 599 евра,
- Дете од 3 до 11 години – 690 евра
-
Дестинација
Галерија


