f
s
f

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Follow Me
Image Alt

Норвешки фјордови

Норвешки фјордови

1999€ 1799€ / по лице
(0 Reviews)

Норвешки Фјордови

📍
Хамбург, Германија

Отворено море

Берген, Норвешка

Олден, Норвешка

Алесунд, Норвешка

Отворено море

Хамбург, Германија
цена од
1.999
EUR
сега од
1.799
EUR
9
Дена

Ве молиме контактирајте ги нашите агенти на телефон за понуда

Ова е една од оние тури каде што природата зборува погласно од сè друго. Земја каде што тишината има звук, а секој поглед изгледа како разгледница. Добредојдовте во магијата на НОРВЕШКИТЕ ФЈОРДОВИ.
Од Хамбург, преку отвореното море, па сè до Берген, Алесунд, Олден, Инвикфјорд и Нордфјорд патување низ пејзажи што не се опишуваат, туку се чувствуваат. Планини што се огледуваат во кристално чиста вода, водопади што паѓаат директно од небото и мали градови каде што времето има поинаков ритам.
Велат дека северот е студен, но верувајте никаде нема да почувствувате поголем мир и подлабока поврзаност со природата. Ова е патување што ве тера да застанете, да земете здив и да сфатите колку е убав светот.
Не ни плаќа норвешката влада да го кажеме ова, ние само сакаме да го доживеете она чувство кога стоите на палуба, фјордот се отвора пред вас, а вие знаете дека сте токму таму каде што треба да бидете.
Правиме спомени меѓу фјордови, море и небо. И се враќаме дома… малку поинакви.

Распоред на крстарење

ДенПристаништеПристигнувањеПоаѓање
1Хамбург - 18:00
2На отворено море - -
3Берген, Норвешка 09:00 20:00
4Алесунд, Норвешка 07:00 17:00
5Olden 07:00 17:00
6
На отворено море - -
7Кил, Германија 09:00 -

Цени и услови

ВНАТРЕШНА КАБИНА

1.799 €/по лице

КАБИНА СО ПРОЗОР

//по лице

БАЛКОНСКА КАБИНА

2.166 €/по лице
  1. Деца до 18 години во кабина со двајца возрасни, плаќаат – На барање
  2. Трета или четврта возрасна особа – На барање
  3. Доплата за 1/1 кабина – На барање

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62,00 денари за 1 евро се изразени во евра (ЕУР). При пријавување и склучување договор за патување се плаќа 30% од целосната сума на аранжманот. Преостанатиот дел од аранжманот се доплаќа најдоцна 35 дена пред патување.

 

Потребни документи за пријава на патувањето се меѓународен пасош со важност најмалку од 6 месеци по датумот на враќање. За деца под 18 години кои патуваат со или без родител, изјава заверена на нотар од едниот или двата родители.

Во случај Патникот доброволно да го прекине своето патување за време на неговото траење, сите дополнителни трошоци, вклучително и превозот, се на трошок на патникот.

Типови на кабини

ВНАТРЕШНА КАБИНА

КАБИНА СО БАЛКОН

Што е вклучено?


Сместување
1 Ноќевање со појадок во хотел со 3* во Хамбург пред крстарење.

Превоз
Повратен авионски билет на релација Скопје – Хамбург – Виена – Хамбург – Скопје со вклучени аеродромски такси (дозволена тежина на багаж 23 кг + 8 кг рачен багаж)

 

Сите трансфери аеродром – пристаниште – хотел – аеродром(со метро/воз во Копенхаген, Киел со автобус )

Услуга на брод
7 дневно крстарење со Queen Mary 2 (кабини на бродот со туш/тоалет, клима, сеф, ТВ, фен, крпи), полн-пансион со огромен избор на јадења, вода, кафе, чај, закуски, гала вечера, тематски вечери, базени, џакузи, фитнес центар, дискотека, театар, разни дневни активности, услуга за утовар и истовар на личен багаж
Пристанишни такси и бакшиш за персоналот

Останато
Прошетка на секој порт од 3 часа
Претставник од агенцијата за време на целото патување и крстарење

Не е вклучено

• Индивидуални трошоци

• Факултативни излети

• Шател бус на местата каде бродот е укотвен далеку од градот

• Пијалоци на бродот

• Лична потрошувачка (алкохол и сите други пијалоци кои ги нарачувате во бар/ресторан, перална, третмани за здравје и убавина, фризерски салон, телефонски повици и интернет)

• Задолжителна полиса за здравствено осигурување за патување

• Трошоци за издавање виза (доколку е потребно)

ИСПРАТИ БАРАЊЕ

Лични податоци(Required)
Испрати ни порака
  • Дестинација
  • Локација за поаѓање
    Скопје - Скопје
  • Време на поаѓање
    26.08.2026
  • Време на пристигање назад
    02.09.2026

План на патувањето

1

Скопје - Виена - Хамбург

Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Лет до Хамбург (со едно преседнување). По пристигнување трансфер до хотел. Сместување во хотел со 3* со вклучен појадок.
2

Хамбург, Германија

Утрото во Хамбург започнува со мирис на свежо кафе и утрински звук на трамваи. По појадокот, се подготвуваме за пешачка тура од два часа, која започнува и завршува пред нашиот хотел во срцето на градот. Нашиот претставник нè води низ Rathaus – градската куќа, импресивна зграда која со векови ја чува историјата на Хамбург. Продолжуваме низ елегантните Alsterarkaden, покрај мирните води на Binnenalster. Потоа, продолжуваме кон Speicherstadt, најголемиот магацински кварт на светот, денес под заштита на UNESCO, место каде времето изгледа како да застанало, а секој мост раскажува своја приказна. Следува и искачување до Elbphilharmonie Plaza, архитектонско чудо со поглед што одзема здив. Градот, пристаништето, реката… сè се спојува во една хармонија. Нашата прошетка завршува во Landungsbrücken (St. Pauli Piers) таму каде што морскиот воздух, музиката од уличните свирачи и насмевките на луѓето го создаваат оној неповторлив дух на Хамбург. На враќање кон хотелот, минуваме покрај Jungfernstieg и езерото Binnenalster. Следува трансфер од хотел до пристаништето и организирано качување на луксузниот брод Queen Mary 2. По чекирањето, се сместуваме во кабините и имаме кратко време да го разгледаме бродот и главните простории – ресторани, главниот театар, барови и палубите со поглед кон пристаништето. Следи задолжителниот Muster Drill (кратка безбедносна инструкција) пред тргнување. По испловувањето на бродот, се собираме на палубата за Sail Away момент – совршено време за фотографии со Хамбург во позадина. Вечерта е предвидена за Welcome Reception, првата заедничка вечера како и можност да се ужива во театарско шоу. Ова е идеална вечер да се почувствува атмосферата на бродот и да се започне крстарењето во убаво расположение.
3

Ден на море

Денес целосно уживаме во атмосферата на Queen Mary 2 – вистинска луксузна палата што плови по океанот. Утрото го започнуваме со кафе на палуба, со поглед кон бескрајното море, момент кој веднаш дава чувство на слобода и мир. Потоа имаме време да го разгледаме бродот: импресивното Grand Lobby, библиотеката со панорамски прозорци, а оние кои сакаат да се релкасираат истото можат да го направат во Canyon Ranch Spa. Имаат одличен избор на масажи и wellness третмани. За активните патници, на располагање се долгиот promenade deck, мини-голф или забавните дневни активности организирани од анимацискиот тим. Околу пладне, задолжително е да се присуствува на традиционалниот English Afternoon Tea. Пиеме по некој чај, јадеме некој мини десерти и слушаме пијано во живо. Атмосфера како од старите филмови. Вечерта ја дочекуваме во елегантен стил: свечена вечера во главниот ресторан, проследнена со спектакуларно театарско шоу, жива музика и танц. Тие што сакаат романтика, можат да ја завршат вечерта на палуба, под ѕвездено небо и звукот на морските бранови. Овој ден е целосно посветен на уживање, релаксација и чувствување на магијата на патувањето по море.
4

Bergen, Norway

Утрото пристигнуваме во Bergen, градот каде планините го прегрнуваат морето, а воздухот мириса на северен океан и тивка норвешка елеганција. Од пристаништето тргнуваме пеш по кејот кон шармантниот Bryggen, со неговите шарени дрвени куќички и тесни улички што изгледаат како сцена од бајка; тука се задржуваме за фотографии и уживање во атмосферата. Потоа ја продолжуваме прошетката до неверојатниот рибарски пазар, каде локалната култура се меша со аромата на свежо море и блага врева на продавачите. Од таму, само неколку чекори нѐ делат до станицата на Fløibanen, жичарницата која води кон врвот на планината Fløyen — оние што сакаат можат да се искачат и да го доживеат градот одозгора, под северно небо. На крај, се враќаме кон пристаништето, исполнети со впечаток дека сме прошетале низ место каде времето се движи побавно, а убавината е тивка, но сигурна.. токму како норвешкиот дух.
5

Olden / Innvikfjorden / Nordfjord

Добро утро од Норвешка! Бродот полека влегува во спектакуларните води на Innvikfjorden и понатаму во величествениот Nordfjord, каде природата ги нижи најчистите сцени на зелени падини, стрмни карпи и кристални води; ова е ден за широко дишење и бескрајни фотографии. За оние што сакаат да го допрат копното, следува кратко застанување во мирното село Olden — портата кон глечерите, езерата и планинските видиковци; тука може да прошетате до Lovatnet, да ја почувствувате магијата на Kjenndalen и да се восхитувате на старите дрвени цркви и локалниот рибен пазар. Ако барате авантура, одберете RIB-ride по фјордот, кајак и тури кон глечерот, или возење со Loen Skylift за панорамски погледи што ќе ви останат во сеќавање засекогаш. На бродот, панорамското пловење е празник сам по себе. Набљудувачите на птици и фотографите нека ги држат далекуводите при рака бидејќи може да видите фоки, морски птици и сцени кои се менуваат со секој свиок на фјордот. Портот во Olden е лесен за движење: пешачки рути, шатл и мали локални дуќани за ручек или сувенири. Облечете се слоевито поради променливото време и оставете простор во распоредот за едноставно „да бидете“. Овој ден е посветен на природата, тивката возбуда и погледи кои зборуваат повеќе од зборовите.
6

Alesund, Norway

По пристигнувањето во Ålesund, започнуваме со организирана пешачка тура (≈3 часа) директно од пристаништето. Овој град е познат по својата уникатна Art Nouveau архитектура, изграден повторно по големиот пожар во 1904 година. Преку уредени улички и канали ќе прошетаме до Molja Lighthouse, каде што ќе уживаме во панорамски погледи. Прошетката продолжува низ историскиот центар и Kongens Gate, познати по локални продавници, стакларии и сувенирници. Потоа се упатуваме кон познатиот Aksla Viewpoint  каде по лесно пешачење или со градски мини-воз (опционално) ќе стигнеме до панорамска точка од која се гледа целиот град, островите и фјордот. По разгледот, следува слободно време за кафе или ужина, по што групата се враќа назад кон пристаништето и бродот. Турата е умерено лесна и прилагодена за повеќето патници; препорачливо е да се носат удобни чевли и лесна јакна.
7

Ден на море

Слободно време за забава и релаксација на бродот. Можете да ја искористите богатата и разновидна програма организирана за гостите на бродот.
8

Хамбург, Германија

По појадок, одјавување од бродот и напуштање на бродот. Трансфер до аеродромот во Хамбург. Лет за Скопје со преседнување во Виена 20:30 – 22:00.
9

Хамбург - Виена - Скопје

Лет од Виена до Скопје во 22:45 – 00:15 ч. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето
Queen Mary 2
Технички информации
  • Број на патници: 3271
  • Број на екипаж: 1253
  • Година на лансирање: 2004
  • Корисен волумен: 148 528 GT
  • Ширина: 44 m
  • Должина: 345 m
  • Брзина: 30 kn
  • Знаме: Обединето Кралство
За бродот
Cunard е една од најлуксузните линии за крстарење во светот. Тоа е компанија – симбол на висок квалитет, стил и неверојатна услуга. Cunard има долга и истакната историја која датира уште од 1840 година, кога Самуел Канард ја основал својата трансатлантска линија во Ливерпул. Неверојатно забавните шоуа, гурманските ресторани и романтичните вечери се само дел од задоволствата што ги нуди бродот. Едно од најнезаборавните искуства се тематските топкови – за да учествувате, задолжително понесете строго свечена облека. Кралицата Мери 2 е создаден за класични трансатлантски патувања и затоа е поинаку дизајниран од повеќето модерни крстосувачки бродови. Неговиот стил и елеганција се легендарни. На бродот ќе најдете:
  • 15 ресторани и барови
  • 5 базени
  • Казино
  • Сала за танц
  • Театар
  • Првиот планетариум на море