МАЛТА
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ :
1.ДЕН 23.05. СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на групата на аеродром „Александар Велики„ во 18:00ч. Полетување за Малта во 20:50ч. Пристигнување во 22:40ч. По завршување на сите формалности , организиран трансфер до хотел. Ноќевање.
2 ДЕН 24.05. МАЛТА – ВАЛЕТА
Појадок. По појадокот се упатуваме кон главниот град на Малта – Валета.
Градот е прогласен за музеј на светско наследство од UNESCO уште во далечната 1980 година!Прошетката започнува од пред портите на тврдината на овој средовековен град и продолжува низ древните улици до градините Barrakka, од каде што се открива прекрасен поглед кон Големиот залив. Ќе застанеме на плоштадот пред една од најважните згради во Република Малта денес – Советот на Министри. Изградена е во 1740 година за витезите од Португалија, Леон и Кастиља. На овој преубав плоштад ќе ја посетиме тврдината Saint James Cavalier (1560). Следуваедна типична улица стара
450 години – Света Урсула. Спуштајќи се по калдрмените скали на оваа автентично сочувана улица, човекот се навраќа во XVI век. На секој агол стојат прекрасните статуи на најпопуларните католички светци и христијанските апостоли. Во текот на екскурзијата ќе ја посетите црквата на бродоломот на Апостол Павле. Овој храм е наречен од оние кои го посетиле “Скриениот скапоцен камен на Валета”. Малкумина знаат дека во него се сместени моштите од телото на Апостол Павле. Екскурзијата продолжува до главниот плоштад на Валета пред дворот на Велемајсторска Палата, во која сега се наоѓа канцеларијата на претседателот на Малта.
Слободно време за фотографии или за краток одмор во некоја од слаткарниците наоколу.Враќање во хотел Ноќевање.
3 ДЕН 25.05.2025 МЕДИНА РАБАТ
По појадокот се упатуваме кон Мдина е античкиот главен град на Малта. Започнуваме со разгледување на ѕидините на тврдината и кулите изградени уште во IX век.Панорамата којашто се отвора кон цела Малта е навистина прекрасна.
Шетајќи низ градот ќе ги разгледате прекрасните куќи изградени пред повеќе од 400 години. Ќе ја посетите Кармелитската црква во Медина – една од првите барокни градби на островот, дело на Францускиот воен архитект Медрико Влондел. Следното место на програмата е градот Рабат. Заедно со Мдина, и двете населби биле главен град на островот до доаѓањето на арабите во IX век.
Шетајќи по улиците кои изгледаат замрзнати некаде во средниот век, ќе видиме една од првите болници што постоеле на островот – Santo Spirito.
Слободно време во центарот на градот. Оние кои сакаат можат да ги посетат катакомбите на Апостол Павле (билетот чини 6€ / деца 3.50€) еден од најдобро зачуваните римски подземни погребни комплекси во Малта. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ДЕН 26.05.2025 ГОЗО
Појадок. Организиран разглед на островот ГОЗО, вториот по големина остров на Малтешкиот архипелаг. Екскурзијата е посветена на вториот по големина остров на Малтешкиот архипелаг – Гозо. Траектите тргнуваат од најсеверната точка на Малта, пристаништето Чиркева. Траектите се модерни, имаат удобна покриена и отворена палуба, од која погледите за време на патувањето се чудесни.
Патувањето со траект е само 25 минути. Во Гозо екскурзијата започнува со посета на местото каде што според грчката митологија, познатиот воин Одисеј поминал седум години од својот живот, заробеник на љубовта кон нимфата Калипсо. Продолжуваме со природните појави – “внатрешното море”
и “карпестата габа”. Жителите на овој остров отсекогаш биле подобрите занаетчии. И денес оваа традиција продолжува. Екскурзијата вклучува место каде што ќе можете да ги видите овие производи, да вкусите слатки, пијалоци, мед и друго, и да си купите сувенири. Потоа следува кратка прошетка по уличките на главниот град Викторија и слободно време за ручек (вклучен во цената). По ручекот екскурзијата продолжува до познатата Цитадела. Последна во програмата е базиликата “Та Пину”. Ова е место каде луѓето го слушнале гласот на Дева Марија. Денес тоа е светилиште за обожување за сите Малтежани. Ќе чуете интересна историја за оваа црква. Враќање назад во Малта со траект. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
5 ДЕН 27.05.2025 Ст. ЏУЛИЈАН
Слободен ден за плажа.Ноќевање
6 ДЕН 28.05.2025 МАРАШЛОК И БЛУ ГРОТО
Појадок. Организирана посета на Марашлок – посветена на југот на најголемиот остров на малтешкиот архипелаг. Местото ја зачувало типичната медитеранска шареноликост, автентичност и спокојство.Патувањето започнува со рибарското село Марсашлок. Ќе ве плени живописниот поглед на шарените традиционални чамци, азурните води и традиционалниот пазар на сувенири.
Продолжуваме со посета на природното чудо Blue Grotto или “Сината пештера“. Уживајте во воодушевувачките глетки на оваа пештера.
Доколку временските услови дозволат, ќе имате можност да ги видите пештерите со традиционален рибарски брод (со доплата). Дозволете блескавите бранови да ве водат низ волшебните пештери и да бидете сведоци на блескаво сини нијанси, што му го даваат името на ова место.Нашето патување ќе го завршиме со шармантниот центар на селото Zurrieq, кадешто можете да се нурнете во локалната култура и да уживате во автентичната малтешка атмосфера. Прошетајте низ древните улици и создадете вредни спомени на оваа незаборавна екскурзија.Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
7 ДЕН 29.05.2025 Ст. ЏУЛИЈАН
Слободен ден за плажа. Ноќевање.
8 ДЕН 30.05.2025 МАЛТА – СКОПЈЕ
Слободен ден на плажа. Во вечерните часови околу 20.30ч. организиран превоз до аеродром. Полетување за Скопје во 23:30ч. Пристигнување во Скопје во 00:50ч. Крај на програмата.
РЕДОВНА ЦЕНА : 599€ / ПРОМО ЦЕНА ДО 28.02 550€
Во цената е вклучено :
- Авионски билет Скопје – Малта – Скопје со Визер, вклучен ранец
- Хотелско сместување во хотел THE ST GEORGE`S PARK 3* https://www.stgeorgesparkhotel.com/ , 7 ноќевања со појадок
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Организација на патувањето
Во цената не е вклучено :
- Патничко здраствено осигурување
- Факултативните екскурзии :
Валета 42€
Медина и Рабат 40€
Гозо 85€
Марашлок и Блу Грото 40еур
Цена на пакет екскурзии : 199€
- Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
-
Во понудата е вклучено
Авионски траспортВодичДоручекХотелско сместување -
Во понудата не е вклучено
РучекФакултативи
Reviews Scores and Score Breakdown
Aliquam lorem ante, dapibus in, viverra quis, feugiat a, tellus. Phasellus viverra nulla ut metus varius laoreet. Quisque rutrum. Aenean imperdiet. Etiam ultricies nisi vel augue. Curabitur ullamcorper ultricies


