f
s
f

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Follow Me
Image Alt

Палма де Мајорка

Палма де Мајорка

859€ / по лице
(1 Review)
Цена до 20.09  859 eвра во хотел  Sol Guadalupe 4*, Mагалуф
Цена до 20.09  899 евра во хотел Sol Barbados 4*, Mагалуф

 

Цената вклучува:

  • Повратен авио билет Скопје – Палма де Мајорка – Скопје
  • Аеродомски такси
  • 7 ноќи во хотел со вклучени доручек и вечера
  • Кабински багаж до 8кг и рачна торба
  • Повратен трансфер аеродром – хотел – аеродром

Цената не вклучува :

  • хотелска такса 3 – 5 евра од соба на ноќ
  • патничко осигурување
  • Дестинација
  • Локација за поаѓање
    Аеродром Александар Македонски, Скопје
  • Време на поаѓање
    10:40 часот
  • Време на пристигање назад
    00:15 часот

План на патувањето

1

05.10.2024

Состанок на скопскиот аеордром во 10:40. Полетување во 12:40. Слетување во 19:35 во Палма де Мајорка.Tрансфер до хотел. Сместување во хотел. Наш предлог е да го истражите градот Палма. Започнете со посета на Катедралата Ла Сеу, позната по својата импресивна готска архитектура. Прошетајте низ стариот град (Casco Antiguo) и посетете го Плаза Мајор и локалните барови.Вечера во хотел.Ноќевање.
2

06.10.2024

Доручек. Наш предлог за вториот ден е да ја посетите локалната плажа или доколку сакате да се запознаете со културните знаменитости, посетете го дворецот Алмудена (Palacio Real de La Almudaina) и уживајте во погледот на градот и пристаништето, истражете го музејот на современа уметност Еспањол (Es Baluard). Вечера во хотел. Ноќевање.
3

07.10.2024

Доручек. Наш предлог за овој ден е посета на плажата Playa de Palma, една од најпопуларните плажи на островот. Попладне, отидете до Cala Major, помала плажа која нуди релаксирачко искуство. Вечерта уживајте во романтична прошетка на некоја од плажите. Вечера во хотел. Ноќевање.
4

08.10.2024

Доручек. Наш предлог за овој ден е посета на градот Валдемоса, шармантно место во планините, познато по манастирот La Cartuja. Попладне, продолжете кон Деиа, мал живописен град, и посетете ги уметничките галерии и ателија. Попладнето вратете се во Палма и уживајте во баровите на пристаништето. Вечера во хотел. Ноќевање.
5

09.10.2024

Доручек. Наш предлог за овој ден е посета на Солер со историскиот воз Tren de Sóller. Разгледајте го градот и неговото пристаниште. Посетете го Cap de Formentor, најсеверната точка на островот, каде ќе најдете спектакуларни погледи. Вечера во хотел.Ноќевање.
6

10.10.2024

Доручек. Наш предлог за овој ден е екскурзија до островот Кабрера, природен парк познат по својата недопрена природа и богата историја. Уживајте во нуркање и разгледување на природата на островот. Вечера во хотел.Ноќевање.
7

11.10.2024

Доручек. Посетете некој од локалните пазари, како Mercat de l'Olivar, за купување сувенири и локални производи. Посетете го и Castell de Bellver, кој нуди прекрасни погледи на градот. Вечерта уживајте во последната вечер во Палма со закуска на некој од панорамските ресторани. Вечера во хотел.Ноќевање.
8

12.10.2024

Доручек. Заминување од хотел. Релаксирање на прекрасната плажа до хотелот до 14 часот. Трансфер до аеордром. Полетување во 18:35. Пристигнување во Скопје во 00:15.